Се жени на пролет

 

Владимир Франц, едната половина од Нокаут, напролет ќе прави свадба. Пејачот, кој пред извесно време се вери со Ема, ќерката на бизнисменот Иван Џо Петрески, во моментов ужива во љубовта и заедничкиот живот со избраничката.

Во принцип, сакам приватниот живот да си го задржам за себе. Среќен сум, убаво ми е и тоа е најважно. Живееме заедно, планираме свадбата да ја направиме кога ќе се затопли и тоа е се што можам да ви кажам", вели пејачот за Вечер

И покрај многуте муабети дека наскоро ќе стане татко, Франц остро ги демантира ваквите шпекулации и тврди дека за тоа има време.

Не е точно тоа дека Ема е трудна. Нема да бидам татко во блиска иднина", низ насмевка прокоментира Владимир.

Кога музиката е во прашање тој и Пере во моментов се преокупирани со финалните подготовки на новиот албум кој треба да излезе кон крајот на годинава.

Албумот е веќе готов. Јавноста ќе може да го слушне за кратко време. На него ќе се најдат многу нови композиции и се надевам дека на публиката ќе и се допадне", вели Франц и додава дека се радува на фактот што токму нивната Запомни, тоа е се што имаме", се најде меѓу најслушаните песни на МАРС

19.11.2013 - 23:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега