Стартуваше новогодишното украсување во Ѓорче Петров
Започна новогодишното украсување во Ѓорче Петров. Kако што информираат надлежните, ќе се употребат украси кои општината веќе ги поседува, а ќе се набават и 400 нови за надополнување на постоечкиот асортиман.
Оваа година како и изминатите години ќе преовладуваат, белата, жолтата, сината и црвената боја, а од светлечките црева ќе се формираат разни форми: ѕвезди, комети, топки, елки и друго, велат од општината.
Годинава во план е украсување на улиците „Ѓорче Петров“, „Адолф Циборовски“, „4 Јули“, „Македонска војска“, „Воин Драшковиќ“, „Лука Геров“ со надвозникот, центарот на Волково и Ново Село, булеварот „Партизански одреди“ и Реонскиот парк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа