Пуштена во употреба жичарата до врв на Водно

Од денеска повторно е во функција жичарницата до врв на Водно, информираше градоначалничката на Град Скопје, преку социјалната мрежа Фејзбук.
 
 
„ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичарата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичарници како и редовен технички преглед. Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б)“, напиша Арсовска на Фејзбук.
 

30.12.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега