Кривична за цариници кои дозволиле шверц на зеленчук од Бугарија

Царинската управа поднесе кривична против двајца поранешни царински службеници поради сомнение дека работеле несовесно.

Се работи за цариниците Р.С. од Гевгелија и Н.С. од Струмица кои во февруари годинава  за влез на граничниот премин Ново Село пријавиле празно товарно моторно возило марка Волксваген ЛТ28 со македонски регистарски таблици управувано од македонски државјанин. Во тој момент царинска контрола на патниците, превозните средства и стоката на влез  во Република Македонија како водич на смена ја вршел прво пријавениот царинскиот службеник Р.С. Со цел да му помогне на прво пријавениот во извршување на делото, второ пријавениот Н.С. од Струмица, наместо да се придружува до распоредот за работа, го напуштил работното место и  престојувал на влез во државата, односно на местото каде било извршено делото. Прво пријавениот, предметното возило го пропуштил на територија на Република Македонија и истото го евидентирал како празно и покрај тоа што претходно го прегледал и видел дека во возилото има царинска стока. За цело ова време, второ пријавениот бил во постојан телефонски контакт со сопственикот на моторното возило и превземал активности за одвлекување на вниманието на останатите царински службеници во критичниот момент. Истиот ден, само неколку минути подоцна, во близина на граничниот премин Ново село, истото возило е сопрено од службени лица од Секторот за контрола и истраги при царинска управа  и при контролата утврдено е дека во возилото има 334 килограми зеленчук. Возачот на комбито на царинските службеници кои го извршиле дополнителниот преглед им изјавил дека стоката ја набавил во Република Бугарија а во земјата ја внел преку граничниот премин Ново Село и при тоа не поседувал никаква документација за платени увозни давачки.

Против возачот на комбито во кое е пронајдена стоката поднесена е прекршочна постапка. Цариниците заработиле отказ за делото кое го направиле.

 

18.11.2013 - 13:56
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега