Драма во Кичево - дете голтнало свирче лекарите едвај го спасиле

 

7 годишно дете од Кичево додека си иглало со “свирче” несакајќи го вдишало, пишува Здравство24. Предметот се заглавил во белите дробови. Детето почнало отежнато да дише и добило силни болки во градите. Како итен случај, во исклучително тешка тешка состојба вчера попладне било донесено на клиниката за уво,нос и грло. Веднаш било оперирано. Од дома бил повикан и шефот на операционите сали на клиниката д-р Горан Мицевски. Еден час лекарите го ваделе страното тело од белите дробови на детето. Свирчето било локализирано во десниот главен бронх. Среќна околност е што детето навреме било донесено на клиника.

-По направената интервенција детето е во стабилна здравствена состојба и се чувствува добро. Ќе остане на клиниката за уво,нос и грло до понеделник за да можеме одблиску да ја следиме неговата состојба и како закрепнува, вели за здравство24 д-р Горан Мицевски, шеф на одделот за интервентна ендоскопија на клиниката.

Ова е несекојдневен случај, но за среќа се се заврши добро, додава д-р Мицевски. Тој апелира до сите родители да внимаваат и во близина на мали деца да не оставаат кикирики,леблебија и ситни предмети за да не дојде до вакви несакани ситуации

најчитано сега