Девет кандидати сакаат да го налседат Црвенковски - лидерот за повлекување на зборува јавно
Бранко Црвенковски е кандидат за претседател на СДСМ на 99% од општинските одбори на партијата, јавува Плусинфо, повикувајќи се на партиски извори.
Според информациите на порталот, во игра се 10 кандидати за Претседател на СДСМ предложени од општинските ограноци.
За да застанат пред Конгресот и да ја побараат неговата подршка, сите овие кандидатури треба да го поминат филтерот на Извршениот и Централниот одбор на СДСМ.
Покрај веќе профилираните, Зоран Заев, Зоран Јовановски, Кире Наумов и Игор Ивановски, во игра е и Бранко Црвенковски, Тања Томиќ и Станка Атанасова како и уште тројца кандидати чии имиња се уште не излегоа во јавноста. До овој момент, Црвенковски јавно нема соопштено дека нема да биде кандидат за Претседател на СДСМ.