Кој вели дека Фејсбук не е корисен- за само два дена си ја пронашла биолошката мајка

Социјалните мрежи покрај негативни страни имаат и нешто позитивно. Совршен пример за ова е ситуацијата на Елизабет Бојс од Индиана.

Таа пред 29 години била посвоена, а својата биолошка мајка ја пронашла на Фејсбук за само два дена.

Таа уште од мала знаела дека е посвоена, но никогаш не размислувала да контактира со вистинските родители, се додека нејзината сестра која исто така е посвоена, не ги пронашла своите биолошки родители пред две години.

„ Отсекогаш сакав да ја пронајдам биолошката мајка, но имав прекрасно детство и се двоумев. Не сакав да го нарушам мирот, затоа што дел од мене стравуваше од тоа какви ќе бидат разултатите од потрагата“, изјавила Елизабет.

Откако се решила на тоа на страницата „Бетсис Биолоџикл Џрни“ напишала:

 „Се викам Елизабет Бојс или Бетси. Родена сум во болницата „Сент Френсис“ во Бич Гроув на 29 мај 1984 година. Ја барам мојата биолошка мајка“.

За само 36 часа, со неа контактирале, нејзината тетка и 27-годишниот биолошки брат Тоби Харди.

„Кога првпат го видов, се чуствував како да го познавам целиот свој живот. Не можеше да верува затоа што звучев исто како и нашата мајка“, изјави Бетси.

 Таа сеуште ја нема запознаено нејзината вистинска мајка бидејќи била многу болна, но се надева дека наскоро ќе се сретнат.

18.11.2013 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа