Прилепчанец фатен додека се спремал да ограби продавница

Крадец од Прилеп викендов бил уапсен додека се подготвувал да ја изврши својата нова кражба. Се работи за 27-годишниот С.С. кој стоел пред продавница чекајќи погоден момент за да влезе и да ја ограби. 

Во намерата бил спречен од полициски службеници кои го привеле, а при претресот кај него бил пронајден и пиштол.

Инаку, крадецот од претходно и е познат на полицијата како сторител на кривични дела.

18.11.2013 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега