Во Словенија задолжителен карантин за сите што биле во контакт со новиот сој
Сите оние што биле во високоризичен контакт со лице потенцијално заразено со омикрон-сојот на коронавирусот во Словенија ќе мора да бидат во карантин.
Правилото што денеска го усвои владата важи за оние што се вакцинирани, но и за оние што веќе прележале Ковид-19.
За контакт со висок ризик се смета лице со потврден омикрон-сој или лице што во претходните 14 дена престојувало во некоја од африканските земји, каде што оваа варијанта е широко распространета, како што се Јужна Африка, Лесото, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Намибија и Есватини, пренесува СТА.
Патниците од овие земји ќе треба да направат три ПЦР-теста за време на нивниот задолжителен десетдневен карантин по пристигнувањето во Словенија.
Словенечката влада денеска го прошири и списокот на вакцини што се користат во земјата со „коваксин“, произведена од индиската компанија „Барат биотек“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа