Кастриот Реџепи: Можно е да променам место на седење во Собранието
Пратеникот Кастриот Реџепи, во гостување на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, изјави дека е можно да го промени местото на седење во Собранието.
„Се уште сме немале пленарна седница, a таму се обележани местата. Јас им кажав на колегите, се сретнав со колегата Фазил Зендели од БЕСА и разговарав со него бидејќи гледам дека инсистираат на тоа дека јас сум исклучен од партијата, иако тоа е дискутабилно. Му сугерирав дека можно е да променам место на седење, иако тоа не е некаков проблем. Секој си го има своето столче“, кажа Реџепи.
27.11.2021 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа