Нова игра на Државна лотарија на Македонија - Сврти јамб за милион

Викендов, со промоција во Битола, Државна лотарија на Македонија ја лансираше и својата најнова игра на среќа во Инстант лотариите, СРЕЌНИ КОЦКИ. Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освоите добивка која веднаш може да си ја однесете дома. Веруваме дека СРЕЌНИ КОЦКИ ќе ги радува љубителите на друштвените игри, посебно играчите на популарната игра Јамб.

„Добитните комбинации во нашата најнова игра на среќа, Инстант лотаријата СРЕЌНИ КОЦКИ, се како во играта ЈАМБ.  Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра ќе бидат особено блиски на  љубителите на играта јамб,  практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра“ - велат од Државна лотарија на Македонија

Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки. Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен.

 

Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари. 

17.11.2013 - 22:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега