И претседателски син загина во авионската несреќа во Русија

Синот на претседателот на Татарстан, Рустан Миниханов, Ирек патувал со авионот, кој се урна денеска на аеродромот во Казан, јави ИТАР-ТАСС.

Педест лица загинаа во денешното уривање на авионот Боинг-737, кој сообраќаше на релација Москва-Казан.

Сите 50 лица во авионот, 44 патници и шест членови на екипажот загинале во несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. - Во авионот немало деца, изјави портпаролот на Министерството.

Авионот, направил три обиди да слета пред да се урне на аеродромот во Казан. При подготовките за третото слетување Боингот ја загубил височината, се удрил во земјата, се запалил, при што експлодирале резервоарите за гориво.

Авионот Боинг 737-500 е на авиокомпанијата „Татарстан“, соопшти руската Агенција за цивилно воздухопловство.

Казан се наоѓа на 720 километри источно од Москва. 

Пожарот, кој избувнал при падот на авионот е изгаснат и иследниците почнаа истрага.

Можни причини за несреќата се пилотска грешка, дефект на леталото и метеоролошките услови, но поверојатни се првите две причини.

Времето во регионот било вообичаено за оваа сезона, имало слаб дожд, темперартурата била три степени, а ветерот со брзина од осум метри во секунда

17.11.2013 - 21:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа