Опасна бактерија убива во болница во Србија

Осум пациенти починаа за една недела во болница од бактерија отпорна на антибиотици во Србија, пишува Здравство24
Сите починати пациенти биле оперирани на одделот за ортопедија во болницата во Ужице, а на нив биле извршувани ортопедски зафати кои воопшто не се опасни по животот, јавува Блиц.
Бактеријата clostridium difficele која е отпорна на антибиотици, кај сите од починатите пациенти предизвикала тешки дигестивни потешкотии.
Српскиот завод за здравство го испитува случајот. Според српските медиуми, на одделот за хирургија во истата болница, инспекцијата наредила итна промена на душеците, па постои сомнение дека бактеријата се шири преку нив.
-Правиме истражувања и без конкретни резултати не можам ништо да кажам, се надевам наскоро ќе имам детали – изјави директорката на Заводот за јавно здравје Билјана Мијовиќ.
Во болницата е прогласена епидемија.

најчитано сега