Груевски: Мерките на Владата за промоција и развој на техничките науки даваат резултати

 

Премиерот Груевски при посетата на Штип денеска изјави дека Долгогодишните мерки што Владата ги спроведува во промовирањето и развојот на техничките науки даваат резултати. Според него Владата води  медиумска кампања со цел да се испрати порака до младите луѓе повеќе да се ориентираат кон техничките науки бидејќи, како што рече, иднината е токму таму,  во вработување во нови производствени капацитети.

- Покрај тоа, отворивме и многу нови насоки од техничките науки. Даваме различни стипендии и различни можности. Купуваме и нови лаборатории и се на се како резултат на мноштво активности кои ги правиме, можам да кажам дека ако во учебната 2010/2011 година, односно во септември 2010 година се запишаа 20,9 или да речеме 21 отсто од вкупниот број студенти на техничките науки веќе во оваа последна учебна година се запишаа 28 проценти. Значи, од 21 на 28 проценти, имаме 7 отсто повеќе студенти кои се запишале на техничките науки, рече Груевски.

Ангажманот на Владата дава резултати и веќе имаме значајна бројка и тоа една четвртина повеќе од тоа што било претходно: -  Тоа е добро затоа што техничките науки во минатото беа прилично запоставени, луѓето беа влезени во една фаза на верување дека со општествените науки подобро ќе се просперира, а со техничките лошо и најверојатно тоа имаше и одредена подлога во времето на транзицијата кога наместо да се отвораат фабрики, тие се затвораа, рече Груевски.

 

 

17.11.2013 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега