Златна зора e против изградба на џамија во центарот на Атина

Весникот „Катимерини“ објави дека партијата Златна зора се заканила дека ќе организира масовни протести против изградбата на џамија во Атина, откако претходно оваа недела беше спроведен тендерот за овој проект.

Од партијата нагласиле дека склучувањето на овој договор е „провокација без преседан“ и напомена дека ќе организира масовни демонстрации и ќе ги искористи своите позиции во Парламентот, за да ја спречи изградбата на џамијата. Покрај Златна зора и десничарската партија Независни Грци исто така го осуди проектот.

 

Министерството за градежништво во четвртокот го одобри договорот за изградба на џамија на конзорциумот, а за него ќе бидат потрошени 946 илјади евра.

17.11.2013 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега