Млади момчиња каменувале автобус во Аеродром, па нападнале полицаец
Група млади момчиња вчера беснееле низ улиците на скопски Аеродром, па на крајот нападнале и полициски службеник.
Инцидентот се случил утрово во 1 часот и 40 минути кога група млади скопјани на булеварот Јане Сандански беснееле, и во еден момент започнале да фрлаат камења по автобусот на ЈСП со број 5.
Од каменувањето се оштетени прозорските стакла.
При интервенцијана полицијата, 19-годишниот С.А. од Скопје со лакт удрил еден полицаец и му нанел расекотина на усната и носот.