Израел и Саудиска Арабија разработуваат воена операција против Иран

Британскиот весник „Сандеј тајмс“ објави дека Израел и Саудиска Арабија разработуваат заеднички кризен план, насочен против Иран што хипотетички предвидува напади врз негови нуклеарни и енергетски објекти.

Според весникот воена операција ќе има ако претстојните преговори во Женева да завршат со договор, кој според Израел и Саудиска Арабија не би ја ограничувал во доволен степен дејноста на Иран во областа на нуклеарната технологија.

Владите на Израел и Саудиска Арабија се убедени дека меѓународните преговори за нуклеарната програма на Иран не можат суштински да го забават создавањето нуклеарни боеви глави од Техеран.

 

„Веднаш штом ќе биде потпишан Женевскиот договор, на дневен ред неодложно ќе биде вооружена операција. Саудиска Арабија е надвор од себе, и е подготвена да му достави на Израел неопходна помош“, изјавил, спред „Сандеј тајмс“, висок дипломат.

17.11.2013 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега