Хју Лори: Доктор Хаус има шарм каков што јас никогаш ќе немам!

Актерот Хју Лори, познат како доктор Хаус од истоимената серија, изјави дека никогаш нема да може да биде шармантен како ликот кој го глумел.

„Медицинскиот гение има шарм каков што јас никогаш нема да можам да го имам. Поради тоа тој многу е поуспешен кај жените од мене“, рече тој и додаде дека единствената сличност која ја има со Хаус е вродениот цинизам, што му помага да се штити од злите коментари.

 

Покрај тоа тој за француското списание „Мадам Фигаро“ изјави дека му годи кога го споредуваат со Клинт Иствуд и дека го смета за татко кој го школувал.

17.11.2013 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега