Кафето на Мекдоналдс ќе го има и во други ресторани

Компанијата “Мекдоналдс“ склучи договор со фирмата “Крафт Фудс“ за комерцијализација на своето кафе надвор од ланците за брза храна .

Така благодарение на ова партнерство, кое подразбира дистрибуција на повеќе видови кафе под брендот “Мекдоналдс“ во американските супермаркети, потрошувачите ќе можат да го конзумираат кафето и во своите домови од почетокот на идната година.

 

Од “Мекдоналдс“ веќе започнале продажба на пакувано кафе во своите ресторани на територијата на Канада. 

17.11.2013 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега