По повод 40 години од студенскиот бунт во Атина со засилени безбедносни мерки

Повеќе од 7.000 полицајци во грчката престолнина денеска го обезбедуваат одбележувањето на 40-годишнината од бунтот на студентите во Атинската политехника, што доведе до пад на воената хунта во земјата.

Сите овие манифестаци  започнаа во петокот и нивната кулминација е планирана за денеска со протестен митинг до американската амбасада во Атина, што ќе биде под силно обезбедување.

 

Зајакнати се и мерките за безбедност пред Парламентот и амбасадите, покрај кои ќе минуваат учесниците во протестниот митинг.

17.11.2013 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега