Се изгасна пожарот на бродот во Северното Море
Пожарот на данскиот товарен брод „Британија Сивејс“, кај норвешкиот брег на Северното Море после 13 часа е изгаснат.
Пожарот изби синоќа во контејнер на горната палуба на товарниот брод во сопственост на данската компанија ДФДС, а пожарникарите во еден момент биле близу да го изгаснат пожарот, но тој повторно се разгорел бидејќи контејнерот бил полн со гориво.
За среќа ниту еден од екипажот не е повреден , и се очекува пловилото попладне да го продолжи патувањето до Берген, каде ќе биде прегледано заради проценка на штетата.
17.11.2013 - 12:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа