Глобалното затоплување ги прави влекачите на Земјата се поголеми
Џонатан Блох е палеонтолог од Музејот на историјата на природата во Флорида, кој ја проучувал врската на големината на телото и глобалните температури.
Тој ги проучувал наоѓалиштата на фосили во рудникот Серехон во Колумбија и пронашол докази од 60 милиони години стари желки со големина на маси, и змии наречени титанобои, која била долга колку автобус.
Според Блох нивоата на атмосферскиот јаглерод-диоксид, сега се приближуваат на оние за време на палеоценско-еоценскиот температурен максимум.
Животите на влекачите зависат од температурата на околината, а експертите проценуваат дека во текот на палеоценско-еоценскиот температурен максимум просечната глобална температура се зголемила од пет до осум степени поради интензивното и необјасниво емитување гасови.
Според истражувањето на палеонтолозите, во периодот на палеоценско-еоценскиот температурен максимум пред 55 милиони години цицачите се намалиле па сегашните коњи тогаш биле со големина на домашни мачки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа