Се отвара Центар за поддршка на младите во Шуто Оризари

 

Денеска министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје, Вернер Хенгст, генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Македонија, Саит Саити и секретарот на Црвениот Крст на град Скопје Сузана Тунева - Пауновска во Шуто Оризари, ќе го отворат Центарот за поддршка на младите.

Овој центар е дел од имплементацијата на програмата „Заеднички развој на заедницата“.

Целта е зајакнување на оваа ранлива заедница, но и да се изградат капацитети за справување со предизвиците на ранливост и неговите основни причинители.

ФОТО: МИА

најчитано сега