Фалц патиките полицијата ги пронашла во поранешни хангари на Лавовите

Огромната количина на патики која полицијата за заплени вечерва била пронајдена во пораншни хангари на АРМ кои што ги користеле специјалните единици Лавови, информира МВР. Тие се наоѓаат на патот Скопје-Приштина и таму, утре во 10:30 часот во посета оди министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Press24 веќе објави дека во полициска акција запленети се над 17.000 парови патики и кондури кои се фалсификат на најпознатите светски брендови.

16.11.2013 - 22:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега