Собранието денеска со полни раце работа
Денеска во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за економски прашања, за транспорт и врски, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за образование и наука, за европски преашања и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и НАТО силите на Косово (КФОР) за хелихоптерски операции-медицинските евакуација, на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија и на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за основање и условите за работа на културните центри.
Комисијата за економски прашања ќе ги разгледа предлозите на законите за измени и дополнувања на законите за енергетика и за стечај, двата во прво читање.
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да се изјаснат дали на натамошно читање ќе оди Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање. Комисијата за труд и социјалната политика, пак, треба да го разгледа Предлог законот за заштита од вознемирување на работно место, во прво читање.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на добивка и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, двата во прво читање.
Предлог - закон за иновациската дејност, во прво читање, треба да биде разгледан од членовите на Комисијата за образование, наука и спорт, како и од Комисијата за европски прашања. На дневен ред на оваа комисија се и Предлог закон за заштита од вознемирување на работно место, во прво читање и Предлог законот за ратификација на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија.
Законодавно-правната комисија ќе рагледа повеќе закони во прво читање и ратификации, кои се на дневен ред на комисиите кои денеска заседаваат.