Даштевски: Во 99 проценти од избирачките места уредите за отчитување отпечаток од прст работеа добро

 

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски оцени дека изборите во однос на првиот круг се успешни. Тој изјави дека излезноста на локалните избори во првиот круг е околу 51,5 проценти.

Во дневникот на ТВ Сител, Даштевски истакна дека до ДИК се стигнати неколку приговори, а рокот за поднесување приговори истекува 48 часа по изборите, односно денеска. Во однос на решенијата за уверение за завршени избори, тие ќе бидат издадени десет дена по завршување на изборите, односно во ноември.

– Овие избори се најголеми избори досега, потрошени се  60 тона хартија и испринтани се 45 милиони ливчиња и затоа беа многу тешки да се спроведат, додаде претседателот на ДИК.

Во 99 проценти од избирачките места, уредите за отчитување отпечаток од прст работеа добро, рече Даштевски и додаде дека во текот на денот донел само шест решенија со коишто се преминува на класично гласање, што во главно биле планински места. 

19.10.2021 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега