18 години од беатификацијата на Мајка Тереза
На 19 октомври во 2003 година, Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржала на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, ја беатифицирал односно ја прогласил за блажена Мајка Тереза, што бил последниот чин пред нејзиното прогласување за светица.
По беатификацијата на Мајка Тереза, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза, која ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.
На 17 декември 2015 година, Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лечењето на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа