Најпопуларна личност на Интернет е папата Францис

Папата Франциско е најпопуларната личност на интернет и во 2013 година за него најмногу се зборувало.

Според истражувањето на „Global Language Monitor“ папата го свртува вниманието на јавноста со неговите храбри изјави, а луѓето не престануваат да зборуваат за тоа.

Ова истражување е правено врз основа на зачестеноста на користењето на зборовите во виртуелното англиско говорно подрачје.

За некое име или збор да се „квалификува“ како најчесто користен поим, мора да биде најмалку 25.000 пати наведено на интернет ширум светот, и тоа не само во рамките на некоја социјална или професионална група, или пак регион.

 

Покрај тоа папата на Твитер е прогласен за најмоќна личноста.

16.11.2013 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега