Скопјанка која малтретирала малолетник конечно заврши зад решетки

Во текот на вчерашниот ден постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје лиши две лица од слобода, кои се барале за издржување казна затвор.

Во привиот случај од слобода е лишена 32-годишната Силва К. која се бара за издржување затворска казна во траење  од четири години за “запуштање и малтретирање малолетно лице”, додека во вториот случај од слобода е лишен 46-годишниот Неџат А. кој треба да помине две години и шест месеци зад решетки поради извршена тешка кражба.

Двајцата криминалци се однесени во затворот во Идризово.

16.11.2013 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега