Гостивар: Влегол преку тераса и украл ташна полна со пари
Крадец од Гостивар синоќа си се збогатил за 411.000 денари. Засега непознат сторител преку тераса влегол во куќата на 26-годишниот гостиварчанец Ф.Р. и извршил пребарување, при што одзел женска ташна во која имало разновиден златен накит во вредност од околу 400.000 денари и 11.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
16.11.2013 - 13:19
Фото:
точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа