ВНИМАВАЈТЕ: Магла на Плетвар и кон Крушево

Намалена видливост до 100 метри поради магла е регистрирана на патиштата кај Крушево. Кај Плетвар маглата е ретка, информира ЈП „Македонија пат“ во прегледот за состојбата на патиштата во 18 часот вечерва.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци  се одвива тековно, претежно по  влажни коловози.  Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес. 
Од денеска до 19 овој месец во периодоот од 6 до 19 часот ќе се изведуваат теренски  активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка.  Сообраќајната сигнализација за времена измена на режимот на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од денеска  стапи во сила законската обврска за поседување зимска опрема во возилата

15.11.2013 - 21:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа