Куманово: Мотоциклист се бори за живот по тешка сообраќајка - улицата блокирана

Тешка сообраќајка се случила вечерва на булеварот Октомвриска револуција кај My Маrket во Куманово. Како што јавуваат читатели на Press24 кои биле очевидци на сообраќајната несреќа, возиломарка Голф 6 се судрило со мотоtцикл. Возачот на моторот веднаш е префрлен во болница и според информации од очевидци тој бил во тешка состојба. На местото веднаш дошле полициски екипи и поради увидот, сообраќајот е во прекин. 
Информациите се уште немаат официјална потврда од полицијата.

15.11.2013 - 21:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега