Битолчанец вози Поло за само 40 денари

Државна лотарија на Македонија  со цел да биде секогаш поблиску до своите играчи, од овој петок започнува со реализација на една убава идеја која планирaaт да прерасне во традиција.  Секој петок, почнуваќи од денешениов, нивниот тим ќе биде во посета на некое од продажните места ширум нашата продажна мрежа низ Македонија. Оваа убава идеја ја започнуваат со продажното место Вагабонт во Битола.  Токму на ова место е изгебана 17тион Инстант лоз од  Среќни тркала кој како премија донесе автомобил Поло.

Ова е 17ти од вкупно 20 автомобили Поло, премии во Инстант лотаријата Среќни тркала, што значи во игра се уште  3, како и бројни парични  помали и поголеми добивки . За потсетување, досега се возат 4 Поло автомобили низ улиците во Скопје, по две во Гевгелија и Ресен, а едно во Гостивар, Куманово, Прилеп, Кавадарци,  Македонски брод, Битола, Кавадарци, Тетово , Охрид, а последново ќе се вози низ улиците во Битола.

Тајната на  инстант лозот Среќни тркала е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Согласно интересот на играчите за возилата од брендот Волксваген, втората серија на Среќни тркала ја реализираме со Порше Македонија, кои се дел од успехот на овој инстант лоз.“ - велат од Државна лотарија на Македонија.

Доделувањето на 17тиот автомобил од оваа Инстант лотарија ќе се случи токму пред продажното место Вагабонт во Битола,  а веднаш потоа предвидено е промоција на нивниот најнов Инстант лоз Среќни коцки кој треба да доенесе многу радост посебно на оние кои ги сакаат забавите и друштвените игри.

 

 

15.11.2013 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа