Тетовските села ќе куртулат од поплави

Поплавите од дождовите и топењето на снегот како и испуштањето на водите од Мавровското езеро, ги доведоа во опасност жителите на неколку тетовски села во општина Јегуновце. Сепак со надвишувањето на браната Леуново, сега се овозможува зголемување на акумулацијата и можност за прифаќање нови количини вода, по што голем дел од долнополошките села во општина Јегуновце ќе куртулат од поплави

Раководството на “Елем” денеска на браната Леуново вршеше увид на активностите во рамки на проектот за ревитализација на шесте најголеми хидроелектрани, чија цел е продолжување на нивниот век на траење и сигурност.
 
Проектот за ревитализација на хидроелектраните, вреден околу 33 милиони евра, треба целосно да биде заокружен кон средината на идната година.
ФОТО: Алфа.мк
15.11.2013 - 16:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа