„Лазо Ангеловски“ и „Гоце Делчев“ најеколошки училишта во Македонија

Со зелено знаме и највисок статус на еколошки училишта се закитија основните училишта „Лазо Ангеловски“ и „Гоце Делчев“ како и градинката „Срничка“. 

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ е на сребрено ниво.

Статусот зелено знаме се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука, според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. Оваа програма ја спроведува здружението на граѓани „ОХО“.

- Главна придобивка од оваа програма е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки, а со членство во мрежата се овозможува учество во национални и интернационални натпревари, аплицирање со проекти и добивање финансиска поддршка од „ОХО“, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко, информира општина Аеродром.

15.11.2013 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа