Поради слабата побарувачка паѓа цената на становите

Од агенциите за недвижности укажуваат дека во последнтата година цената на становите драстично е намалена, како последица на слабата побарувачка. Има голем број на непродадени станови, а граѓаните се интересираат за купување најмногу на помали станови, велат од Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Македонија 

- Се купуваат скромни, помали станчиња за да може да се стартува со нешто свое, изјави претседателката на Групацијата Лилјана Ковачева, која додава дека падот на цените е предизвикан од зголемената понуда на становите и во одредена мера намалената побарувачка. 

Од Групацијата бараат и донесување на посебен закон за посредување во промет со недвижности со кој би се предложило  дел од прометот да оди преку овластени друштва, лиценцирање на агентите, а и градежните компании да имаат обучени вработени за продажба.

- Сите членки на Европската унија имаат вакви закони. Донесувањето на еден ваков закон и кај нас  ќе ја подобри климата за работа, а и граѓаните ќе знаат дека соработуваат со професионалци, смета Ковачева. 

15.11.2013 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега