Во чешми во кумановско пронајдено присуство на бактериите псеудомона аеругеноза и ешерихија коли

При последните анализи извршени на чешмите од каде што истекува минерална вода од кумановско Проевце пронајдено е присуство на бактериите псеудомона аеругеноза и на ешерихија коли.

- Бактеријата псеудомона аеругеноза е пронајдена на петтата чешма,додека бактеријата ешерихија коли е пронајдена на првата чешмата.Во останатите чешми не се отркиени бактерии, вели доктор Бедри Велиу, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје.

Од Центарот за јавно здравје ги информираат граѓаните да не кознумираат вода од првиот и петтиот чеп на чешмата во Проевце и потенцираат дека ќе ги преземат мерките кои се во нивна надлежност и ќе ја информираат Агенцијата за храна.

Инаку, бактеријата е потенцијално опасна за лицата со ослабен имунитет и за децата, a ешерихија коли може да предизвика повеќе заболувања. 

15.11.2013 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега