Стани државјанин на Малта за 650.000 евра

Парламентот во Малта донесе одлука со која можете да купите државјанство на оваа земја за 650.000 евра.

До ова државјанство ќе може да дојдат и граѓани на држави кои не се е се членки на Европската унија.

Според премиерот Џозеф Маскат проектот има за цел да придонесе за приходи во државата со што би се привлекле потенцијални богати инвеститори.

 Малта е членка на ЕУ, на Шенген и има безвизен догвоор со САД. Експерти предвидуваат дека годишно меѓу 200 и 300 луѓе ќе аплицираат за државјанство на Малта. На оваа одлика опозицијата се спротистави тврдејќи дека со тие потези Малта може да стане држава на даночен рај. 

15.11.2013 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега