Алијанса и Алтернатива: Престанете да изигравате жртва - опозицијата не е организиран од опозицијата

 

Престанете да изигравате жртва. Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива отсекогаш ги има почитувано и вреднувано  достоинтсвото и важната улога на жената албанка. Од друга страна, јавноста добро е запознаена који се тие кои ги имаат обезвреднувано и навредувано
албанските мајки и жени, реагира опозициската Коалиција Алијанса на Албанците и Алтернатива.

-Корупцијата и криминалот не можете да ги задскриете со родовата еднаквост и неоснованата улога на жртва.  Вие треба да сносите одговорност за загинатите мајки, татковци и млади луѓе во модуларната болница во Тетово. Денешниот протест и искажан револт, не е организиран од страна на албанската опозиција, од друга страна, присуството на наши членови и симпатизери е чин на граѓанска свест и одговорност и нивното присуство е карактеризано само каков чин, како и на останатите граѓани на Тетово. Ние не сме Дуи, да фрлиме со камен и да криеме рака. Таквиот чин не наша политичка особина. Протестите организирани од наша страна отсекогаш биле транспарентни за јавноста, и такви ќе останат и во иднина, се вели во реакцијата од ААА.

Оттаму велат, причините за денешните инциденти да се бараат кај надлежните институции.

-Во меѓувреме има информации дека дел од протестантите се повикани на разговор во полициска станица. Ги повикуваме органите за јавен ред и мир, и овој хибриден режим, да престанат со уцените и притисокот врз граѓаните. Причините за денешните инциденти да ги бараат во нивното
политичко делување, начинот на досегашното владеење, честите трагедии и присилниот пристап кон искажување протест и револт на граѓаните, се вели во реакцијата.

17.09.2021 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега