ВИДЕО: Борба за живот во тетовската болница - Ковид пациентите губат воздух, додека цивили шетаат без маска

 

Болните од вирусот Ковид 19 се борат за воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово, додека слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и без никаква заштита, во потрага по своите најблиски. Други, пак, им даваат поддршка на најблиските седнати покрај нивните кревети во скафандери, пренесува Дојче веле.

Десетици ковид-пациенти се лекуваат во болницата во Тетово, градот кој изминатиов период е во центарот на вниманието поради зголеменото ширење на коронавирусот и бројот на починати. 

Инциденцата на новозаразени од коронавирус во Тетово е меѓу највисоките во земјата: заклучно со 29 август, таа далеку надминувала 700 луѓе на 100.000 жители. Во истовреме, стапката на вакцинација на граѓаните во Тетово е меѓу најниските во земјата со 37 отсто опфат на лица над 18 години.

Погледнете ја состојбата во болницата во Тетово на следниот ЛИНК.

03.09.2021 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега