Нафтена дамка со големина на Њујорк се шири на Медитеранот
Нафтената дамка, која потекнува од излевање од најголемата сириска рафинерија, расте и се шири низ Средоземното Море, а денеска би можела да стигне до островот Кипар, објавија локалните власти.
Сириските власти минатата недела соопштија дека резервоар со 15.000 тони гориво протекол на 23 август во термоелектрана во сирискиот крајбрежен град Банијас.
Анализата на сателитските снимки на Орбитал ЕОС покажува дека истекувањето на нафта е поголемо отколку што првично се мислеше и се протега на површина со иста големина како и Њујорк. Компанијата за Си -Ен -Ен изјави дека нафтената дамка била на околу седум километри од кипарскиот брег.
New satellite imagery analyisis by @EOSOrbital using Sentinel-1 indicats that the #Baniyas oil spill seems way larger than anticipated, with almost 1000km2, though visual IDing is need to see if and how big the oil sheen is h/t @HarelDan pic.twitter.com/eqDK1vdD0D
— Wim Zwijnenburg (@wammezz) August 30, 2021
Фотографиите што кружат на социјалните мрежи повеќе од една недела покажуваат нафтена дамка долж крајбрежните области на Сирија, а локалните жители предупредија на потенцијална закана за морскиот живот. Жител на Банија, кој зборуваше за Си -ен -ен под услов на анонимност, вели дека голем дел од брегот е загаден.
Турција, која има граница и крајбрежје со Сирија, исто така е вклучена во санација на штетата.
„Ги преземаме неопходните мерки со мобилизирање на нашите ресурси за да спречиме каква било можност излевањето да се претвори во еколошка катастрофа“, рече турскиот потпретседател Фуат Октај за државната новинска агенција „Анадолија“.
Ова е второ големо излевање нафта во источниот Медитеран оваа година. Во февруари, излевање нафта од израелскиот брег уништи плажи и остави катран низ либанскиот брег.
من عمليات إزالة التلوث الذي وصل إلى شاطئ مدينة #جبلة نتيجة تسرب الفيول من أحد خزانات المحطة الحرارية في #بانياس حيث تجري الأعمال بشكل يدوي بسبب طبيعة الشاطئ الصخرية pic.twitter.com/EIGVrHZYQ3
— سانا عاجل (@SanaAjel) August 25, 2021
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа