НАТО гради ново седиште во Брисел вредно една милијарда долари

НАТО ќе гради ново седиште во Брисел вредно една милијарда долари, а се работи за грандиозна зграда од стакло и челик која ќе биде изградена спроти старото седиште.

Според вработени во Алијансата таа зграда не е доволно голема, поради што постојано се наложува изградба на привремени згради, електричната инсталација е стара, подовите се уриваат, а диви мачки и зајаци се вселиле во нејзините темели. Сепак, критичарите оценуваат дека овие трошоци изгледаат екстравагантно во време, кога буџетските ограничувања принудуваат многу членови на Алијансата да ги намалат воените трошоци.  

Земјите од НАТО ги поделија трошоците за новата зграда. Таа има стакло со кое може да се покријат десет фудбалски игралишта.

14.11.2013 - 09:32
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега