Земјотрес ја затресе Грција - епицентарот во Коринт, се почувствувало и во Атина
Земјотрес со јачина од 4,1 степен ја погоди нешто после полноќ областа околу грчкиот град Коринт, соопшти атинскиот Геодинамички институт.
Земјотресот бил почувствуван и во Атина, која е оддалечена околу 60 километри.
Епицентарот бил на 21 километар југоисточно од Коринт на Пелопонез, на длабочина од 6 километри, а засега нема информација за евентуалната штета, соопшти пожарникарната служба.
31.08.2021 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа