Во Собранието ќе се расправа за лицата со ХИВ и состојбата во градинките

Две јавни расправи ќе се одржат денеска во македонското Собрание. Во организација на комисиите за еднакви можности на жените и мажите и за здравство ќе се одржи јавна расправа „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во РМ“. Комисијата за труд и социјална политика организира јавна расправа за актуелната состојба во детските градинки.

Јавната расправа „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонија“ е организирана од комисиите за еднакви можности на жените и мажите и за здравство, Групата за поддршка на лицата што живеат со ХИВ - Заедно посилни и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.

На јавната расправа ќе се обратат претседателите на комисиите за еднакви можности и за здравство Лилјана Поповска и Менде Диневски, потпретседателката на Комисијата за здравство и претседавач на Меѓупартиската парламентарната група за ХИВ во Република Македонија Тања Томиќ, претставникот на работната група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ - Заедно посилни Андреј Сених, Националниот координатор за ХИВ проф. д-р  Звонко Миленковиќ и претставник на Министерството за здравство. 

14.11.2013 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега