Дождлив четврток

 Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локален дожд. Доцна попладне се очекува врнежите да престанат. Ќе дува слаб ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со локален дожд особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува облачно време со сончеви периоди и со услови за утринска магла по одделни котлини. Утре температурата ќе се движи од 13 до 17, а за време на викендот од 13 до 18 степени.

14.11.2013 - 08:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега