Ѓорчев: Како може со државни пари да се рекламира приватниот Фејсбук профил на Заев?
Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев обвинува дека со државни пари се рекламира профилот на премиерот Зоран Заев.
-Како може со државни пари да се рекламира приватниот Фејсбук профил на Заев?! Ова го нема НИКАДЕ. Буквално никаде. Деспотија и пашалак. Режим, со сите параметри. Плус, веќе се распишани локалните избори. Не смее да има владино рекламирање. Фактчекери? НВО? ГраЏанство?, напиша Ѓорчев на Фејсбук.
26.08.2021 - 21:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа