Ламбе дел од парите од наградата на Скопскиот фестивал ќе ги донира во Бигорскиот манастир

По победата на Скопскиот фестивал и наградата од 20.000 евра, сите очекуваа, големиот хуманитарец, Ламбе, дел од парите да ги даде како донација. Така и се случи. Тој објави дека дел од сумата ќе оди како донација за Бигорскиот манастир

"Искрено, не очекував дека ќе победам, затоа што ме немаше повеќе од една година. Сакав да се вратам, пуштивме еден нов сингл "Земи се" и убаво ми е што се вратив со победа. Се надевам дека песната ќе стане поголем хит од победата. Им благодарам на сите што ме поддржаа. Навистина е убаво што воопшто се врати фестивалот во полн сјај", вели Алабакоски и додава дека сумата за првата награда е солидна и е мотив за да се борат авторите. 
Пејачот открива дека дел од средствата што ќе ги добие како награда за првото место ќе ги потроши за честење на пријатели и роднини, дел ќе сочува, а дел ќе оди на сметката на Бигорскиот манастир - неговото духовно светилиште.

13.11.2013 - 23:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега