Проверете како ќе се вика песната која Тијана ќе ја пее за Македонија на Евровизија

Тијана Дапчевиќ со песната насловена "Победа" ќе типува на победа следната година во Данска на 59 Евровизија, што ќе се одржи од 6 до 10 мај. Македонката со српска адреса ексклузивно за Вечер го откри насловот на нумерата со која ќе не претставува на ова најголемо европско музичко натпреварување.

"Насловот на песната е "Победа" и секако дека типувам Евровизија следната година да ја донесам тука", вели Тијана

Пејачката, а од неодамна и актерка, открива дека изборот паднал на брза, динамична песна. 
"Мислам дека сум на добар пат кога е во прашање изборот на евровизиската песна, веќе ја имам и одбрано. Знам со сигурност дека ќе се пее на македонски, македонски е авторот и ќе има многу добра журка на сцената во Копенхаген. Песната ќе биде динамична за да ја следни мојата енергија, можам и балада да отпеам, но не е тоа тоа", вели таа и додава дека иако ќе пее на нејзиниот мајчин јазик смета дека ќе допре до европската публика затоа што музиката нема граници. 

Тијана зад себе има богата музичка биографија како интерпретатор и инструменталист, а нејзината соработка со врвни авторски имиња од балканското музичко милје, истенченото чувство за сценски перформанс, маркантниот и оригинален артизам и овозможија низа хитовски рефрени, кои се слушани и препознатливи не само кај македонската, туку и кај балканската публика и пошироко.

Останува во мај Тијана својот раскошен пејачки талент да го рас

13.11.2013 - 23:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега