Стевчо Јакимовски премиер

 

Партијата ГРОМ не е направена од желба за власт, бидејќи јас веќе имам власт во Карпош. Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на вчерашната трибина во Битола со порака: На граѓаните ќе им дадеме квалитетна понуда

„Оваа партија не ја правам за себе, за власт, изјави лидерот на ГРОМ. Јас власт имам. Јас сум „премиер" на Карпош.Во Македонија има многу добри, прекрасни луѓе кои можат да дадат огромен придонес за напредокот на нашата земја. Ние не сме дојдени овде за лошо, ниту сакаме некого да донесеме на власт или да одржиме на власт.Она што сакаме е на граѓаните да им дадеме квалитетна понуда, да им дадеме право на избор, да престанат веќе да гласаат против некого, туку „за".Ние тоа им го дадовме на граѓаните на Карпош, со квалитетни проекти и решенија кои тие знаеја да ги препознаат", рече Јакимовски“

13.11.2013 - 21:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега