Се подновил со маса - во неа нашол 98.000 долари но ги вратил на сопственичката!

На еден Рабин дефинитивно му се насмеала среќата. Ноа Мароф од Конектикат си купил маса за помалку од 200 долари, а откако ја внел во својот дом во кутијата со масата пронашол 98.000 долари.

Сепак, рабинот одлучил да биде праведен, па парите не ги задржал за себе, туку и ги дал на сопственичката од која ја купил масата. Се работело за нејзиното богатство кое таа го заборавила во масата.

- „Не верувам дека има многу луѓе кои би го сториле она што го направивте Вие“, му напишала таа на Ноа во писмо.

Дефинитивно ретко кој би го направил ова.

13.11.2013 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега